Ana
banner
enkriptirana.bsky.social
Ana
@enkriptirana.bsky.social
И иако некои од мажите се доволно храбри да си признаат дека се жртви, да побараат помош и да се соочат со реалноста, за жал таквите жртви најчесто наидуваат на осуда од околината заради менталитетот на ова лудо поднебје.
Се надевам дека некој ќе почне да зборува јавно на оваа тема.
October 17, 2023 at 7:02 PM
И ако како жена треба да сум среќна што вистински жени-жртви не се плашат да избегаат од својот партнер-насилник, сериозно сум загрижена за мажите жртви на семејно насилство. За нив некако малку се зборува, а за жал и те како ги има.
October 17, 2023 at 6:58 PM
И истите тие жени, препознавајќи го “трендот” на пријавување семејно насилство од страна на жени, се инспирираат и ги пријавуваат своите партнери за лажни физички напади кои не се случиле.
October 17, 2023 at 6:56 PM
И во двата случаи кои ги знам мајките не работеле со години, ниту пак имаат сопствен дом, а сепак, како сплет на околности истите тие се старатели, а мажите треба да плаќаат алиментација.
October 17, 2023 at 6:54 PM
Како жена, за мене е погубно нашиот пол да се злоупотребува за условувања и психичка тортура, затоа што нашево општество вика “децата одат кај мајката”, без да се разгледа малку подетално што точно се случува.
October 17, 2023 at 6:53 PM
Иако во тие 2 случаи кои ги знам жените се невработени скоро цел живот и биле финансиски зависни од примањата на партнерот, на крај ги условуваат и им се закануваат на своите партнери дека ќе им ги земат децата.
October 17, 2023 at 6:51 PM
И не е дека не можеш. Од опрема ти треба само скафандер и гасна маска.
October 17, 2023 at 6:04 PM
И баш си одбравте бош ден - го крстиле ВТОРНИК.
October 17, 2023 at 12:54 PM